Владата го продолжи рокот за избор на компанија која ќе ги гради хидроелектраните Чебрен и Галиште. Притоа, продолжен е рокот за важност на повикот, како и рокот за важност на понудите за овој комплексен проект, поради потребата од реализирање на дополнителни процесни дејства. Во игра за изградба на овој стратешки енергетски проект се кинеската компанија „Чајна вотер електрик" и грчката „Паблик Пауер Корпорејшн". Според доставените понуди на теднерот, кинеската компанија понуди 40,5 отсто од акциите, а грчката 28 отсто. Пролонгирањата на рокот, кои се направени на барања на тендерската комисија за да се усогласат и прецизираат битни елементи за проектот Чебрен и Галиште, се со цел да се изнајде најдоброто решение за реализирање на успешен проект, кој ќе биде во интерес на државата и нејзините граѓани.
Владата го продолжи рокот за избор на компанија која ќе ги гради хидроелектраните Чебрен и Галиште, информираат од Министерството за економија.
Притоа, продолжен е рокот за важност на повикот, како и рокот за важност на понудите за овој комплексен проект, поради потребата од реализирање на дополнителни процесни дејства.
Во игра за изградба на овој стратешки енергетски проект се кинеската компанија „Чајна вотер електрик" и грчката „Паблик Пауер Корпорејшн". Според доставените понуди на теднерот, кинеската компанија понуди 40,5 отсто од акциите, а грчката 28 отсто.
Пролонгирањата на рокот, кои се направени на барања на тендерската комисија за да се усогласат и прецизираат битни елементи за проектот Чебрен и Галиште, се со цел да се изнајде најдоброто решение за реализирање на успешен проект, кој ќе биде во интерес на државата и нејзините граѓани.